За платформата

Што е ИНОВЕТ?


ИНОВЕТ е платформа наменета за професионален развој на наставниот и другиот стручен кадар во стручното образование. Преку ИНОВЕТ е овозможено одржување на online обуки/курсеви и веб конференции, кои преку календар за настани ќе бидат лесно видливи за секој корисник на платформата. За посетените обуки, по направена евалуација на стекнатите знаења, слушателите добиваат сертификат за посетена обука. Платформата содржи и мултимедијални материјали и ресурси сместени во секцијата е-библиотека, кои можат слободно да се преземаат и користат од корисниците на кои ќе им бидат потребни.

Цел на ИНОВЕТ


Целта на платформата ИНОВЕТ е да овозможи online обука на наставниот и другиот стручен кадар во стручното образование, комуникација, поставување и преземање материјали за стручно усовршување, споделување на искуства, давање совети и инструкции, со што се придонесува кон континуиран професионален развој на наставниот и другиот стручен кадар во стручното образование.

Што нуди?


Дигиталната платформа, апликациите и содржините нудат најнови решенија за комуникација и соработка, тимска работа, споделување на материјали и содржини на корисниците и евалуација на знаењата. Преку предвидените активности, се овозможува одржување на видеоконференци, Вебинар (webinar), online курсеви, интерактивни online обуки, поставувње на материјали, прашалници, квизови, тестирања и слично.

Кој стои зад платформата?


Платформата е резултат на заеднички вложен труд на Центарот за стручно образование и обука, Проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк (финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка) и УНИЦЕФ. На платформата, Центарот за стручно образование и обука ќе организира и реализира online обуки наменети за наставниот и другиот стручен кадар во стручното образование. Изработката на платформата е финансирана од страна на Образование за вработување во Северна Македонија, а реализирана од SyNRG Software & IT Solutions, додека УНИЦЕФ го поддржува Центарот за стручно образование и обука за одржување на платформата.

Воспоставувањето на оваа платформа е поддржано од Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка. E4E@мк спроведува системски интервенции за поддршка на квалитетно и релевантно стручно образование и обука, со цел едукација на квалитетна идна работна сила. Содржината достапна на оваа платформа е единствена одговорност на авторите / администраторите на платформата и истата не мора да се совпаѓа со мислењата и политиките на проектот и донаторот.